Загина бразилската манекенка која се бореше во редовите на елитните единици на Украина

бразилска манекенка во украина фото : принтскрин Твитер

Триесет и девет годишната поранешна бразилска манекенка Талита до Вале, член на елитната снајперска единица на Украина, која документирала воени подвизи на YouTube, била убиена за време на руски ракетен напад во градот Харков.

Во нападот загинал и нејзиниот придружник, поранешен војник на бразилската армија откако се обидел да ја извлече Талита од погодениот со проектил бункер во кој таа се наоѓала Талита била единствената членка на тимот што го преживеала првиот ракетен напад врз овој бункер, но за неполна минута бункерот бил погоден со уште еден проектил.

Талита имала искуство и во претходни конфликти бидејќи се борела против Исламската држава во Ирак, што го документирала на нејзиниот канал на Јутјуб.

За време на борбите во Ирак, таа се посетувала обука за снајпер и се приклучила на Пешмерга, вооружените сили на регионот Курдистан во Ирак. Додека се наоѓаше во зоните за конфликт, таа соработуваше со писател кој требаше целото нејзино борбено искуство да го преточи во книга.

Талита беше студентка по право, која учествуваше во спасување животни со невладини организации, а во периодот на својата младост активно работеше како модел и актерка.

Откако го преживеа бомбашкиот напад во главниот град на Украина, Талита му објасни на своето семејство дека не може многу да зборува бидејќи нејзината активност на мобилниот телефон ја следат руски дронови и дека ќе им се јави само за да ги извести дека е добро.

Последен пат разговарале минатата недела, откако Талита се преселила во Харков, каде и го загуби животот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот