Загина 21-годишен кавадарчанец откако со камион паднал во Вардар

Фото МВР

Момче на 21-годишна возраст  од селото Сопот, Кавадаречко, загина кога товарното возило што го управувал паднало во Вардар,  а  вршело ископ во водите на Вардар, во атар на с.Црвени Брегови.

„При падот на возилото во реката, П.М. починал на местото на настанот, а совозачот Д.Е.(19) од с.Марена се здобил со телесни повреди, констатирани во болницата во Неготино“, соопшти МВР.

Бил извршен увид на местото, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

Видео на денот