Загина 20-годишна девојка во сообраќајка кај Кадрифаково

Сообраќајна незгода
Сообраќајна незгода /Фото: МИА

Девојката работела во маркет во Свети Николе, до каде секојдневно патувала.

Во сообрќајка кај Кадрифаково, изутрината околу 7.15 часот, на автопатот Миладиновци – Штип, на место викано „Ерџелиски мост“, животот го загуби С.М.(20) од село Кадрифаково, светиниколско.

-Девојката управувајќи патничко возило „фолксваген поло“ со светиниколски регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот., соопшти штипската полиција.

С.М. починала во Клиничката болница во Штип, каде била пренесена со тешки телесни повреди. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на ОВР Свети Николе.

Девојката работела во маркет во Свети Николе, до каде секојдневно патувала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот