Загадувањето во 2019 година покоси девет милиони животи

Загадување/ Фото EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Девет милиони луѓе во светот починале предвреме во 2019 година поради загадувањето, се наведува во студијата објавена денеска во списанието „Лансет”.

Еден од шест предвремени смртни случаи е поврзан со загадувањето, главно со лошиот квалитет на воздухот.

Загадувањето и отпадот во воздухот, водата и почвата ретко убиваат директно, но се во основата на тешки срцеви заболувања, тумори, респираторни проблеми и акутни стомачни тегоби.

– Ефектите на загадувањето врз здравјето остануваат значително поголеми од оние на војната, тероризмот, маларијата, ХИВ, туберкулозата, дрогата и алкохолот. Смртните случаи како последица на загадувањето се приближно исти како оние предизвикани од пушењето, изјави Ричард Фулер, главниот координатор на оддел на „Лансет” што се занимава со влијанието на загадувњето врз здравјето.

Во 2019 година, 6,7 милиони смртни случаи се должат на загадениот воздух, 1,4 милиони поради загадувањето на водата и 900.000 поради труење со олово.

Во 2000 година, индустриското загадување на воздухот е причина за смртта на околу 2,9 милиони луѓе, додека во 2019 година тој број изнесува 4,5 милиони, покажува истражувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот