ЗАГАДУВАЊЕТО ВО ЊУ ДЕЛХИ НА РЕКОРДНО НИВО: Жителите се разбудиле во сив облак од токсични честички

Њу Делхи
Загадениот воздух во Њу Делхи/ Фото Архива на Слободен Печат

Загадувањето на воздухот во делови на индиската престолнина утрово се искачи на рекордно нивно, на еден ден по огнометот во Њу Делхи по повод одбележувањето на Дивалија, индиски фестивал на светлото.

Индексот за квалитет на воздухот, кој ја мери концентрацијата на токсичните честички, во раните утрински часови достигна 500 во неколку делови на Њу Делхи, вклучително и на меѓународниот аеродром, што е рекорд откако централниот владин одбор за контрола на загадувањето врши мерења.

Сè што е над 401, класификувано е како „тешко”. Загадувањето на воздухот на тоа ниво може сериозно да влијае на оние со респираторни заболувања, но и на оние кои се здрави.

Подоцна се спушти на 300, што е „многу лошо”, а може да предизвика респираторни болести по подолго изложување на загадениот воздух.

Жителите се разбудија во сив облак, по чадот од огнометот, кој останал „заробен” во студениот воздух на градот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот