Загадувањето ги убива градовите на Балканот: Се гушат и во Сараево, а чист воздух се дише само во Подгорица и Љубљана

Фото: Слободен печат/ Д. Митртески

На самиот врв на светската листа на градови со најнеквалитетен воздух со денови се наоѓа престолнината на Босна и Херцеговина, Сараево.

Како дел од утринската рутина на многу жители на Балканот неодамна стана и проверувањето за тоа каква е моменталната состојба на загаденоста на воздухот.

На самиот врв на светската листа на градови со најнеквалитетен воздух со денови се наоѓа престолнината на Босна и Херцеговина, Сараево. Ситуацијата, меѓутоа не е многу подобра ниту во другите градови на поранешна Југославија.

Сараево е во „сопствена категорија“

Сараево пред три дена беше најзагадениот град на планетата со индекс на загаденост од дури 597. Тој ден овој град беше апсолутен рекордер по бројот на загадени честички и беше единствениот кој се наоѓаше во опасната зона.

Тој факт натера бројни активисти и обични граѓани да реагираат, а на Твитер се огласи дури и шведската амбасада во Босна која наведе дека Сараево си има „сопствена категорија на загаденост“.

Со цел да се контролира загаденоста, Кантонот Сараево ги забрани дизел возилата во центарот на градот, а локалните власти апелираа за превентивно носење на маски за лице.

Остатокот од регионот

На сајтот airvisual.com може да се следи ситуација со загаденоста на воздухот од час во час. Ако зборуваме за нашиот регион, изземајќи ја Србија, ситуацијата е прилично лоша во Скопје, односно на север во нашата држава.

Скопје моментално се наоѓа на 26. место на листата од најзагадени престолнини во светот.
На 46. место се наоѓа Загреб каде ситуацијата е прилично поднослива.

Словенија и Црна Гора се речиси „зелени“, а и Подгорица не се наоѓа на оваа листа на најзагадени градови.

Инаку, гледајќи ја мапата на Европа, „брановите“ на загаденост најмногу се центрирани на територијата на Белград и Сараево.

Кога станува збор за остатокот на Европа, најкритична е состојбата на север во Италија.

Милано моментално е само нешто помалку загаден од Белград. Исто така, ситуацијата е лоша и во Краков, во Полска, во Букурешт и Софија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот