Загаденоста го зголемува ризикот од коронавирус: Чистиот воздух би можел да спаси животи

Фото: Профимедиа

Најновото истражување спроведено од училиште во склоп на универзитетот Харвард од Бостон покажува дека загадувањето на воздухот е поврзано со поголемата стапка на смртност на луѓето заболени од коронавирусот.

Оваа анализа утврдила дека малиот пораст на нивото на загаденост во воздухот години пред пандемијата, е поврзано со порастот на смртност од 15 отсто.

Истражувањето спроведено во САД наведува дека воздухот во Менхетен да би бил малку почист во минатото би можел да спаси стотина животи. Ова сугерира дека луѓето во позагадени средини се во поголем ризик од умирање од оние кои живеат во почисти подрачја.

Според зборовите на експертите загадениот воздух би можел да го зголеми ризикот од акутни респираторни болести, но и од срцеви проблеми.

Во извештај на научниците од Италија се наведува дека високата стапка на смртност која се гледа на северот во оваа земја одговара со највисоките нивоа на загадување на воздухот.

Заради ваквите резултати научниците сметаат дека подрачјата со висока загаденост на воздухот би требале да преземат додатни мерки на претпазливост за време на пандемијата на коронавирусот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот