Зафировски од МОРО: Додека не се донесе закон за најмала гарантирана исплатена саатнина, не сме ни приближно блиску до европските држави (ВИДЕО)

Нашата основна цел е правата и стандардот на работникот. Сведоци сме дека во последните 30 години системот што го изградија ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ доведе до едно пропаѓање на стандардот и вредноста на животот на работникот кој од ’90-та наваму е намален за 1.200%.

Тоа е затоа што во нашиот систем немаше претставник кој ќе го заштити работникот, работното место, фабриките. Се случи страшна криминална приватизација, уништување на профитабилни фирми.

За жал тоа се случуваше и тоа беше причината да се појавиме како работничка партија која ќе го заштити работникот и да не може да се владее како што се сака без да се праша работникот, истакна во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Горан Зафировски, претседател на МОРО – Работничка партија.

-За да се влеземе во една пазарна економија треба да се донесе закон за најмала гарантирана исплатена саатнина. Саатнината е основно мерило на трудот на работникот во сите демократски држави. Додека не се донесе таков закон, не сме ни приближно блиску до европските држави, вели Зафировски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот