Заев: Жените ќе бидат застапени со 50 отсто на изборните листи на СДСМ

фото: Принтскрин

СДСМ стана дел од лидерството на влијателната Прогресивна алијанса. Јас и Радмила бевме избрани во бордот, највисокото тело што ги дава политичките насоки и решава за најголемите политички прашања на цел свет. Има повеќе од 140 партии од над 80 земји. Токму ние ја добивме честа да го водиме ова силно движење. Тоа е голем, заеднички успех, рече лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев во обраќање пред Форумот на жени на СДСМ наречен „20 години чекориме на патот на еднаквоста“.

– Многу мерки и политики немаше да бидат возможни без Фроумот на жени на СДСМ. Затоа сакам да им честитам на сите што се вградиле во овие 20 години еднаквост. Нашата политика е јасна, потребни се повеќе жени во политиката. Во нашиот Извршен одбор повеќе од половина се жени. Ние сме предводници на застапеноста 50-50 во политиката. На следните изборни листи СДСМ ќе има целосна еднаквост. Успеавме, заедно сите. Ние мажите и тоа како со силна верба и мотивација веруваме во тоа, затоа што конечно ќе ги искористиме сите капацитет и на оваа наша партија и на оваа наша држава, рече Заев.

Тој потсети дека владата ја исправила неправдата со платите, како и дека дала неповратни средства за почнување бизнис на жени во рурални средини.

Ве повикувам да не запреме додека не го искорениме психичкото, физичкото и секусалното насилство врз жените. Општеството нема да биде еднакво ако во него не се еднакви мажите и жените. Нема да запреме додека не обезбедиме девојки и жени да имаат еднакво право да напредуваат и да бидат избрани на работни позиции. Зад нас се деструктивните сили на режимот. Да не дозволиме враќање назад. Кога сме сите напред, тогаш побргу се стигнува до нашата заедничка цел. Ќе се согласите дека кај нас се сите лостови со кои може да го поместиме светот да биде подобро место за живеење“, истакна лидерот на СДСМ.

Според Заев, тие како одговорна партија продолжуваат да работат во насока на градење на фер и праведно општество во кое жените нема да бидат дискриминирани.

– Не е доволно да има застапеност 50-50 само во СДСМ и на листите на СДСМ. Повеќе жени на раководни позиции мора да бидат нашиот императив. Тоа се нашите цели, тоа е фокусот на нашиот активизам и тоа треба да биде нашето достигнување. Тоа е нашиот пат, тоа е правиот пат“, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот