Заев: Зголемена транспарентност – општините мора онлајн да ги објават сите обврзувачки информации и документи

Зоран Заев, Премиер на РС Македонија

Зголемувањето на нивото на транспарентноста има позитивно влијание кон демократизацијата на државата и им овозможува на граѓаните да имаат контрола над институциите. Дополнително, транспарентноста позитивно влијае врз економскиот развој на државата и врз евроатлантските интеграции, наведе премиерот Зоран Заев на неговиот фејсбук-профил.

– Со цел да се поттикне отчетноста, транспарентноста и отвореноста на локалните самоуправи, согласно Стратегијата за транспарентност на Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница прифатена е препораката на Комисијата за економски систем и тековна економска политика на Владата на Република Северна Македонија и донесен е заклучок дека сите финансиски извештаи и извештаи за работење (тромесечни, полугодишни и годишни) кои се доставуваат на разгледување во Владина постапка, нема да бидат разгледани на Комисијата, доколку листата од 22 обврзувачки информации и документи со кои се обезбедува отчетноста на општината не се објавени на веб-страниците на предлагачите, истакнува Заев во објавата на Фејсбук.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот