Заев: Зборот „педер“ го употребив како карактерна особина, а не како сексуална припадност

Фото: МИА

Премиерот Зоран Заев предизвика бурни реакции во јавноста во врска со изјавата во која рече дека нема да дозволи еден суетен новинар, криминалци и „педер“ да ја срушат Владата.

Поради тоа, премиерот се огласи на Твитер каде напиша дека зборот „педер“ го употребил како карактерна особина, а не како сексуална ориентација.

„ЛГБТИ заедницата ја има мојата голема почит. Затоа, пред да го употребам зборот „педер“ упатив извинување. Тој збор го употребив за да дадам карактерна особина, а не да означам сексуална припадност. Извинување за ЛГБТИ луѓето. Ќе се борам за нивните права, како и досега“, напиша Заев на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот