Заев: Зборот е збор, но горчината ја носам со мене и убеден сум дека сум оставил впечатоци

Зоран Заев во утрински брифинг
Зоран Заев премиер на влада на РСМ / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Зборот е збор и треба да се задржи кажа лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев на новинарско прашање потенцирајќи дека во вторник ќе биде свикан извршен одбор за да се констатира неговата оставка од партијата.

-Не треба да се калкулира заради политичка фотелја. ДУИ знае дека ја одложив оставката. Целиот прогресивен свет продолжува напред и не е лесно да се биде прогресивен во политиката. Убеден сум дека сум оставил свои впечатоци, и убеден сум во горчината која ја носам со мене заради тоа што не можам да сфатам Карпош најинформиран,Карпош најупатен еден дел од највисоката интелигенција на Македонија вака да одлучи, почит спрема секој едноствно не можам да го сфатам како и одлуката за градот Скопје, вели Заев.

Нагласи дека останува на неговата јавна објава за оставка и од функцијата претседател на Владата и лидер на партија и дека ќе ги депонира оставките до надлежните институции веднаш штом биде осигурно парламентарното мнозинство.

– Ако се гледа како се поставките по Устав, до 14 декември не се стига за изборот на нова влада и нов мандатар. Логично е СДСМ да го искористи овој период и да го избере својот претседател. Затоа ќе побарам од органите и телата на партијата да биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира мојата оставка и веднаш да почне постапката за избор на нов претседател на партијата.  Ако се успее во целиот овој период, а верувам дека може, СДСМ да има избрано претседател тој би требало да биде идниот мандатар односно да предложи нова Влада. Кога имате нов мандатар, треба да имате и нова влада, а не реконструкција на влада, нагласи Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот