Заев: Завршено е времето кога милијарди евра пари на граѓаните одеа во споменици, на жални врби, барокни фасади

Драги велешани бидете горди, добивме имотен лист за државата. Вечерва Македонецот Заев им се обраќа на Македонците од Велес, македонско оро се играло и ќе се игра од двете страни на Вардар векови нанапред. Добивме лична карта во ОН. Во графата стои Македонци/ граѓанин на Република Северна Македонија кои зборуваат македонски јазик, рече претседателот на СДСМ Зоран Заев на граѓанската трибина во Велес.

-Договорите што ги постигнавме со Бугарија и Грција ни беа влезна карта во НАТО и ЕУ. Срцето ни се топеше од радост кога се креваше знамето на НАТО пред нашиот Парламент и кога нашето знаме се креваше пред седиштето на НАТО- рече претседателот на СДСМ и носител на кандидатска листа на пратеници во ИЕ4, Зоран Заев на вечерашната граѓанска трибина во Велес.

Претседателот Заев порача дека завршено е времето кога милијарди евра пари на граѓаните одеа во споменици, на жални врби, барокни фасади, стиропори и граѓаните се одлучни дека не сакаат враќање во тоа мрачно режимско минато.

-Го победивме времето на страв и трепет, времето на закани и уцени, на хибриден режим, времето кога не раскаруваа со сите дома и со сите соседи надвор, времето во кое што беше апатијата вгнездена во нашата земја заради тоа што немаше абер некој кога ќе добиеме одлука за почеток на преговорите со ЕУ или ќе станеме членка на НАТО, никој не зборуваше за тоа. И сега доаѓаат секој ден овде и Мицкоски и Јанушев и ви ветија НАТО и ЕУ? Никој од нив не вети НАТО и ЕУ, затоа што НАТО и ЕУ се завршени работи- додаде претседателот Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот