Заев: Започна процесот на чистење на линданот и неговите изомери од малата депонија во кругот на ОХИС

Фото: Слободен печат/ Драган Митрески

Започна процесот на чистење на линданот и неговите изомери од малата депонија во кругот на ОХИС, што подразбира расчистување на теренот, обезбедување и поставување на потребната опрема и механизација околу малата депонија, објави денеска на својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев.

Избраниот изведувач, како што посочува премиерот, е грчката компанија „Полиеко”, а за чистењето на малата депонија Министерството за животна средина и просторно планирање воспостави соработка со две агенции на Обединетите нации – УНИДО и УНОПС.

– Проценетата вредност на комплетното чистење и уништување на линданот од малата депонија во ОХИС изнесува приближно 8 милиони евра. Првичните средства се обезбедени од Глобалниот еколошки фонд (ГЕФ), а во соработка со УНИДО, додека за обезбедување на потребните дополнителни средства се формираше Повеќе-партнерскиот фонд за животна средина, во кој се собраа средства од повеќе извори, меѓу кои и од Кралството Норвешка, а имплементациона единица е УНОПС, истакнува Заев.

Како Влада на Република Северна Македонија, посочува премиерот, заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање, правиме напори да обезбедиме средства од повеќе извори за чистење и на големата депонија, како и за чистење на погонот за електролиза контаминиран со жива.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот