Заев-Закоњшек: Вложуваме во квалитетен, ефикасен и економичен транспортен систем интегриран во регионот и ЕУ

Вложувањето во квалитетен, ефикасен и економичен транспортен систем е од исклучително значење за развој на стопанството и за повисок квалитет на животот на граѓаните, констатирале на денешната средба премиерот Зоран Заев и директорот на Секретаријатот на Транспортната заедница на Југоисточна Европа, Матеј Закоњшек.

-Како приоритет особено беше посочена потребата од инвестирањето во патната инфраструктура, пред сè во безбедноста на патиштата, унапредувањето на железничкиот сообраќај, особено во доизградба на пругата кон Бугарија, како и на потребата за олеснување на граничните формалности, при што како позитивен пример беше посочен интегрираниот граничен премин „Табановце”, меѓу нашата земја и Србија, соопшти владината прес-служба.

Соговорниците ја нагласиле потребата од ефикасна вмреженост на транспортните системи со регионот и со Европската Унија.

Директорот Закоњшек на средбата ја изразил подготвеноста на Транспортната заедница за поддршка на Република Северна Македонија во спроведувањето на конкретни проекти, надминување на одредени прашања, како и при усвојувањето на европската легислатива и стандарди во областа на транспортот.

Премиерот Заев, пак, ја истакнал посветеноста на Владата на европската агенда, при што посочи дека владините политики продолжуваат да се развиваат кон поголема регионална и европска интеграција, во таа насока и преку подобро и побрзо поврзување во регионот и со ЕУ.

На средбата, на која присуствуваше и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски,  биле изразени честитки за изборот на новата Влада, како и за новата енергија во приодот кон унапредување на транспортните прашања.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот