Заев за законот за јавно обвинителство: Најголема одговорност има партијата што и донесе неправда на земјата

Премиерот Зоран Заев денеска и се обрати на јавноста во врска со најновите случувања поврзани со законот за јавно обвинителство.

Според него, Македонија е на „чекор од ослободување на правосудството од стегите на режимот кој е зад нас“.

„Почитувани, сакам да ви се обратам по повод последните случувања поврзани со Специјалното јавно обвинителство и Предлог законот за јавното обвинителство.

Ние сме пред конечниот чекор за ослободување на правосудството од стегите на режимот кој е зад нас. Огромна е одговорноста кај политичките субјекти во оваа борба за правната држава. Но, најголема одговорност има партијата што и донесе неправда на земјата и Мицкоски како прв човек на таа партија. Знам дека вие, граѓаните сте изморени од политички бојкотирање и одлагања и дека барате одлучни чекори. Затоа јас ќе продолжам уште порешително да ја повикувам и убедувам опозицијата да ги поддржи реформите.

Прочитајте и...  Макрон: Потребна е меѓународна истрага за експлозијата во Бејрут

Ова е време во кое правдата стапува на сцена, време во кое не смее да има штедење во борбата против криминалот и корупцијата. Никој не е привилегиран и никој нема да биде амнестиран.

Го охрабруваме Јавното Обвинителство да продолжи, до последно во оваа борба, без разлика до кого ќе стигне низ истрагата.

Ова е време на конечен пораз на „заробената држава“.

Ве повикувам сите да ги поддржиме решенијата со кои ги заокружуваме реформите, за подобар живот во овој наш убав мозаик, во ова наше заедничко општество“, вели премиерот Заев во своето обраќање.

Прочитај повеќе

Mаж исчезнал во водите на Вардар додека извлекувал возило на ЕВН

Слободен печат

Либанскиот претседател се сомнева: Експлозијата може да е предизвикана од бомба, ракета…

Слободен печат

Ново жариште во Германија, матуранти го донесоа вирусот од одморот во Хрватска

Слободен печат

ГП „Евзони” за влез во Грција ќе биде затворен за патници и возила по осум часа дневно до 15 август

Слободен печат

Мета побара итна реакција од владата за да се избегне катастрофа во албанската економија и семејствата

Слободен печат

Во Србија 276 новозаразени лица, петмина починати

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ТРАГЕДИЈА ВО СКОПЈЕ: Син го пронашол својот татко мртов во гаража

Слободен печат

Во недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески”

Слободен печат

Богојески: Поддршка на иницијативата на Антикорупциска за Закон за потекло на имот

МИА Агенција

Рекорден прилив на мигранти: Велика Британија ги засилува контролите на границите

Слободен печат

Американски сенатор: САД да ги обнови санкциите кон Белорусија, ако Лукашенко ја украде победата на изборите

Слободен печат

Бродарите на Охридското Езеро да ги почитуваат мерките за спречување на ширење на коронавирусот

МИА Агенција