Заев за Зафировски: Нема да бидам истражен орган зошто некој има сметка дома или надвор од земјата
Законот ми дал право да ангажирам советници и согласно трошоците што ги создава според самиот ангажман, нормално се определува и надоместокот, што исто така законот ми го дал како рамка. Немам намера да бидам истражен орган зошто некој има сметка дома или надвор од земјата, одговори премиерот Зоран Заев на обвинувањата од пратеникот Антонијо Милошоски искажани од говорницата на денешната собраниска седница на која се поставуваат пратенички прашања во врска со советникот на премиерот Љупчо Зафировски за односи со Франција.
Заев додаде дека за тоа има покренато иницијатива и Антикорупциската комисија.
– Кога се ангажира советникот тој ја донесува својата сметка и на таа сметка се плаќаат парите. Немам намера да бидам истражен орган зошто некој има сметка дома или надвор. Тој човек дел од своето време го поминува во Франција, нормално е дека е наш граѓанин, се вика Љупчо Зафировски и има свое живеалиште тука, рече меѓу другото Заев.