Заев за УБ: Кај Мицкоски често гледам и нешто полошо од Груевски

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Премиерот Зоран Заев во гостувањето на Утрински брифинг соопшти дека стравува за Преспанскиот договор од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

– Стравувам за Преспанскиот договор. Мицотакис во Грција беше одмерен бидејќи знае колкав е влогот на еден меѓународен договор. Од друга страна, Мицкоски отворено се заканува дека ќе поништувал, ќе ја враќал Македонија наназад. Тоа се договори кои ја унапредија државата, а не да се враќаме назад. Со укинување на било кој договор, тоа значи повторно назад, без НАТО и без ЕУ. А тие носат бенефит за граѓаните. Нема да дозволувам да се врати таков режим. Кај Мицкоски често гледам и нешто полошо од Груевски, но тука сме ние да им укажеме на граѓаните дека нема да дозволиме повторно враќање на режим, изјави за УБ Зоран Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот