Заев за ТВ Клан: Разговарав со неколку лидери од регионот во врска со случајот за руските комичари – Слободен печат
ВестиМакедонија

Заев за ТВ Клан: Разговарав со неколку лидери од регионот во врска со случајот за руските комичари

Премиерот објасни дека во Владата постојат протоколи за комуникации, но потребата земјата да се интегрира кон демократскиот свет бара директна и честа комуникација со лидерите од светот и директно преку мобилен и преку дигиталните комуникации.

Премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Клан на прашањето дали ќе има одговорност за случајот со „пранкерите“, истакна дека тој останува на неговиот став од прес конференцијата, дека во објавените разговори не се изнесени државни тајни и дека се пренесени разговори кои Заев веќе јавно ги има застапувано.

– Секако, јас изразив жалење за ситуацијата и разговарав со некои од лидерите од регионот за оваа случка. Претседателот на Косово прифати дека се работи за несреќен случај. На претседателот Вучиќ му испратив порака. На темите за решавање на отворените прашања пренесени се познати ставови и разговори направени на билатерални или на други меѓународни средби, кои се јавно објавени. Мојата определба, и во разговорите објавени од телефонските разговори, се дека решение треба заеднички да најдат Косово и Србија низ взаемно прифатлив компромис, решение – рече премиерот Заев во интервјуто за ТВ Клан, и додаде дека оваа случка нема да го поколеба тој да ги продолжи комуникациите со лидерите од меѓународната заедница или со граѓаните на земјата.

Премиерот Заев на прашањето за односите со Руската Федерација, рече дека овој случај нема да има влијание и дека тие остануваат одлични и со потенцијали за развој.

Премиерот објасни дека во Владата постојат протоколи за комуникации, но потребата земјата да се интегрира кон демократскиот свет бара директна и честа комуникација со лидерите од светот и директно преку мобилен и преку дигиталните комуникации.

– Сепак протоколите ќе ги зајакнам, треба повеќе да внимаваме на безбедноста, тоа е наша секојдневна потреба – рече премиерот Заев во интервјуто за ТВ Клан.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close