Заев: За Теута Арифи воопшто не е разговарано, не е кандидат за амбасадор

Фото: МИА

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи не е кандидат за амбасадор во Вашингтон, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на настанот за проширување на улицата „Никола Карев”, позната како Пластичарска, истакна дека Арифи е негова пријателка, ја поддржува во активностите како градоначалник на Тетово, се реализираат повеќе проекти, но таа не е ниту понудена како кандидат за Вашингтон, ниту пројавила интерес.

-За Теута Арифи воопшто не е разговарано. Таа е мој пријател, ја поддржувам, и помагаме во делот на Тетово, се реализираат проекти, развиваме сериозни големи инвестиции во Тетово, но таа ниту изразила желба, ниту некаде е понудена како кандидат, рече Заев.

Во врска со тоа до каде е проценудата за именување кандидат за амбасадор во Вашингтон, Заев рече дека има квалитетни кандидати, но се уште немаат консолидирана одлука.

-Знаете амбасадорската постапка прво е политичка, потоа е професионална. Министерот за надворешни работи разговараше и со претседателот и со мене и со други важни личности. Верувам дека во брзо време ќе најдеме решение. Вчера донесовме одлука за 21 кандидат и тоа е само дел од постапката, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот