Заев за Резолуцијата на ЕП: ЕУ знае дека нашето место е во европското семејство
Премиерот Зоран Заев изрази благодарност до Европскиот Парламент за донесената резолуција со која се бара итен почеток на преговори со Македонија и Албанија.
– Домот на европската демократија повика дека проширувањето е инструмент од исклучително значење за дополнителна европеизација на земјите што природно и припаѓаат на Европската Унија. Македонскиот народ заедно со сите свои сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци и други, ќе работиме уште повеќе за да си ја направиме земјата поубаво место за живеење, европско катче на мултиетничкиот Балкан. Европската Унија знае дека нашето место е во европското семејство. Ние сме и ќе бидеме подготвени за нивната позитивна одлука, напиша Заев на својот Фејсбук профил.
Изразувам голема благодарност на Европскиот Парламент за донесената резолуција со која се бара итен почеток на преговори…
Publiée par Zoran Zaev sur Jeudi 24 octobre 2019