Заев за „Рекет”: Видеото и четири разговори беа доволни да пријавам

Премиерот Зоран Заев во врска со случајот „Рекет” рече дека на 22 април го пријавил тоа што го видел, односно она што  беше објавено од Орце Камчев и од него предадено на Јавното обвинителство – видео на кое не се гледа Катица Јанева, туку комуникација меѓу Боки 13 и Камчев.

-Не можете никој да го обвините претходно, на крајот истрагата ги отвори моментите, па дојдовме до денешната состојба на перцепција кој каде бил и каде постои индиција и можност да биде одговорен, рече Заев.

Додаде дека не се водел воопшто никого да чува и да скрие и дека прва должност му била да пријави.

-Ми беше презентирано видеото и четири разговори кои се доволен основ. Сите треба да бидат еднакви пред законот, секој што има индиции треба да биде сериозно истражен заради тоа што само така сме и нормална земја, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која соопшти дека Оливер Спасовски ќе биде технички премиер во преодната влада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот