Заев за пописот: Во април треба сите да дадеме придонес за ова прашање успешно да се затвори

Премиерот на Македонија, Зоран Заев на денешната Координативна средба за успешно спроведување на претстојниот попис во Собранието, рече дека за повеке од 2 месеци нашата земја ќе ја спроведе најважната статистичка операција согласно стандардите на ОН и Европа за да не се третира повеќе овој сегмент како политичко прашање.

„Овој попис ќе даде реална фактографска слика за состојбата во државата. Со ова ќе се исправат последиците од огромната недозволена пауза од 20 години за која е одговорна опозицијата и е најлошата одлука што може да ја донесе некој политички субјект. Бојкотот кон пописот носи конфузија меѓу граѓаните и со неспроведувањето на пописот стануваме единствена земја што не може да планира било каков развој од економски, образовен и културен аспект“, изјави премиерот.
Тој ја повика најголемата опозициона партија да се приклучи на оваа статистичка операција и одговорно да ја исполни својата задача и улога во татковината.

Заев истакна дека е од историско значење да се подржи Заводот за статистика од државата и сите нејзини институции за успешно да се спроведе оваа операција. Бидејќи потребни се сите податоци и бази што ќе се добијат од него за да се согледа уназадувањето на едно општество.

„Важно е да го добиеме бројот на населението, на која возраст е и со какви квалификации е образованието и местото на живеење на нацијата. Колку од зградите во кои живееме се енергетски ефикасни, колку од домаќинствата се греат на дрва, и колку има услови за лицата со попреченост. Бидејќи подобри податоци значат подобар живот. Затоа во април треба сите да дадеме придонес за ова прашање успешно да се затвори“- посочи премиерот.

Според премиерот, податоците од пописот се од огромно значење и за локалните власти и се суштински кога станува збор за планирање на развојот на заедницата, бројот на учениците во образовните капацитети, бројот на деца од претшколска возраст наспроти градинките како установи за згрижување на децата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот