Заев за партиските митинзи: Граѓаните кои доаѓаат самоиницијативно не држат дистанца

Зоран Заев
Зоран Заев / Фото: СДСМ

Премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање колку се почитуваат протоколите за заштита од ковид-19 на партиските митинзи, упати одговори да се бараат кај надлежните институции. Проблемот, како што рече, е што самоиницијативно доаѓаат граѓани кои не држат соодветно дистанца.

– Се гледа распоредот на столчињата како се наместени согласно протоколите, веројатно проблемот е што дополнително луѓето кои доаѓаат од страна не ја запазуваат неопходната оддалеченост и целосното почитување на протоколите. Нема никакви договори, сите си ветивме дека ќе направиме се имајќи предвид дека работиме со граѓани кои доаѓаат самоиницијативно на ваквите јавни собири. Организаторите на митинзите ќе направиме се за максимум да се почитуваат протоколите, рече Заев на прес-конференцијата во Владата.

Извор: МИА

На митинг никој не бара сертификат за вакцина и ретко кој носи маска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот