Заев за разрешување на функционери на ДУИ: Ќе почекаме уште неколку дена и ќе видиме дали е тоа возможно

Премиерот Зоран Заев и понатаму не открива кој се ќе биде вклучен во операцијата „Метла“.

Тој вели дека имал средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, бидејќи е коалициски партнер на СДСМ за да му ги презентира слабостите што досега ги увиделе.

„Сите коалициони партнери имаме право да даваме свои коментари. Ваквата рашомонијада од изјави која можеме да ја слушнеме од одредени високи функционери на ДУИ на крајот ќе биде поткрепена, па ќе видиме која е таа вистина за која зборуваме. Кога ќе ги дадам предлозите за промени во парламентот, Груби заедно со нивната пратеничка група ќе може да се изјасни. Затоа имав средба со лидерот на ДУИ Али Ахмети, за да знаат кој чекори ќе ги превземам, а во партијата да си ги разгледаат кои одлуки ќе ги донесат. Штом ќе ги донесам одлуките одма ќе ги соопштам, немам намера да лицитирам со имиња“, рече Заев коментирајќи ја изјавата на Груби, кој претходно денеска порача дека ветингот на ДУИ нема врска со метлата на Заев.

Заев не сакаше да каже дали актуелниот министер за екологија, Садула Дураку, ќе биде прв министер во новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

„Кадровските промени не ги коментирам. Штом ќе ги донесеме одлуките, ќе ги соопштиме за сите“, рече Заев.

Запрашан дали може да разреши функционери од ДУИ, Заев рече: „Да почекаме уште неколку дена, па да видиме“.

„Ги почитувам сите луѓе, опонетите, сите. Слабостите кога се присутни, тие се кај луѓе. Тие доаѓаат од политички партии. Ќе дојде времето, ќе видиме дека ќе бидат опфатени од сите полтички субјекти“, додаде Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот