Заев за Њујорк Тајмс: Се кршам одвнатре, национализмот и радикализмот можат повторно да пораснат

Фото: Слободен печат/Арбнора Мемети

Во интервју за весникот Њујорк Тајмс, премиерот Зоран Заев за француското вето и одлуката за запирањето на проширувањето на ЕУ.

Заев в интервјуто вели дека токму тоа може да предизвика  драматични проблеми во целиот регион.

– Се кршам одвнатре – вели Заев во разговорот за американскиот весник кој, таа изјава ја става и во насловот на текстот.

„До пред само два месеци, лидерот на малата балканска нација во Северна Македонија одеше исправено, славен од светските лидери, фален од првиот човек на ОН затоа што понуди ретка светла точка во проблематичниот светски пејзаж, а се најде и на листата на кандидати за Нобеловата награда за мир.

„Премиерот Зоран Заев ја заложи својата политичка кариера и иднината на својата земја во решавањето на тридеценискиот спор со соседна Грција за името на земјата. Со помош на макотрпна дипломатија и наспроти очекувањата, тој успеа.

Но седејќи пред неговата канцеларија во Скопје, сето тоа изгледа далечно. ”

„Се кршам одвнатре”, вели Заев за Њујорк Тајмс.

Весникот наведува дека се очекувало оти промената на името ќе го отвори патот за приближување на Македонија кон ЕУ, но минатиот месец Франција стави вето на одлуката, барајќи реформа на процесот.

„Тоа ме уништи лично, психолошки“, вели Заев. Тој во разговорот вели дека е загрижен „не само за себе и за земјата“, туку и за стабилноста на целиот Западен Балкан.

„Национализмот и радикализмот можат повторно да пораснат. Постои ризик од конфликт во самите држави, но и меѓу државите“.

Запрашан зошто тогаш се одлучил на драматичен чекор да свика вонредни избори, Заев вели дека немал избор.

– Ако нема избори, национализмот ќе се зголеми – вели Заев во интервјуто.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот