Заев за новите проекти: Се воведува еколошка такса, ќе се инвестира во обновливи извори

Фото: Архива на „Слободен печат“

Планот за затворање на јаглените и фосилните централи е димензиониран до 2028 година. Во зелениот план имаме отприлика 1600 мегавати од фотоволтаици и околу 600 мегавати од ветерници. Зборуваме за 2200 нови мегавати обновливи извори на енергија, а само за споредба двата блока на РЕК Битола се 350 мегавати“ кажа премиерот Зоран Заев во гостувањето на „Топ Тема“ на Телма ТВ.

– Го намалуваме ДДВ на струјата, бидејќи го либерализиравме пазарот на електрична енергија и сакаме да направиме меко спуштање, за цените да не влијаат драстично врз граѓаните. Се уште е пандемија, мора да водиме грижа за народот. Можевме парите од ДДВ да ги искорстиме за политички цели, но се откажавме од нив за да не порасне цената и да не биде удар за домаќинствата, рече Заев.

Тој додаде дека пазарната вредност на електричанта енергија е повеќе од двојно повисока од цената која ја испорачуваат државните компании.

– Светот заради климатски промени има повеќе производство од обновливи извори на енергија, се затвораат јаглените и фосилните централи, а инвестициите во нови извори чинат пари, рече Заев.

– Акцизата на дизелот од три денари сега се укинува и се заменува со три и пол денари еколошка такса. Акцизата веќе ја нема, а имаме еколошка такса со која ќе се собираат пари во зелен фонд за подобрување на екологијата, кажа премиерот.

– Целта е час поскоро да ги замениме јаглените термоелектрани со обновливи извори на енергија. Доколку сакаме чист воздух и екологија, државата мора да интервенира. Токму затоа воведувањето на еколошка такса е за формирање на еколошки фонд и праведна транзиција, рече Заев.

Тој додаде дека со таксата од три и пол денари ќе бидат опфатени дизелот, бензинот и мазутот, додека за безоловниот бензин таа ќе изнесува 3 денари.

– И покрај тоа цената на нафтата остнува најниска на целиот европски континент. Граѓаните велат дека е должност на државата да се стави во заштита на здравјето. Тоа го правиме, правиме покачување на цените на фосилните деравати и испраќаме порака за одвраќање од користење поради екологијата. Собраниете пари од таксата ќе одат за проекти за зелената агенда, рече Заев.

Тој додаде дека државата исто така работа на отворање на нови капацитети за производство на електрична енергија од обновливи извори и дека планот е до 2028 година целосно да запре производството на струја во јаглените термоцентрали.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот