Заев за Н1: Денес граѓаните знаат колку вода или кафе испиле премиерот или министерот

Во вечерашното интервју за српската Н1 телевизија премиерот Зоран Заев истакна дека Република Северна Македонија сериозно се бори против корупцијата која изминатите години беше нотирана од Европската унија како една од најголемите пречки на земјата на патот кон евроинтеграциите.

-Верувам дека имаме сериозни успеси, може сум пристрасен но Европската Унија  во редовните извештаи ги нотира успесите и ефикасностите против криминалот во правосудството. Ние работиме со сосема отворен буџет. Секој граѓанин може со еден клик да ја види секоја исплата од буџетот.  Денес граѓаните знаат колку вода или кафе испиле премиерот или министерот, рече Заев.

Тој се осврна и на напорите на владата за враќањето на довербата на граѓаните во правосудните органи.

-Формиравме и  институција Антикорупциска комисија за борба против корупцијата и за јакнење на јавното судство. Имаме доста пофални зборови за нашето правосудството но и негативни критики. Во кривичниот суд во Скопје за 2020 година имаме 1.500 предмети решено повеќе од 2019 година  и покрај корона кризата. Во борбата против корупција, имаше бегство  на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков кој е фатен и принуден да се предаде после 40 часа бегство. Судот изрече казна од 12 години за него. Со тоа ја враќаме довербата во правосудниот систем. Секако треба уште многу работа, верувам дека ќе имаме тенденција 100 проценти во борбата против корупција. Во фокусот на нашата работа е борбата против криминалот, корупцијата и јакнењето  на владеење на правото во РСМ, рече Заев.

Заев за Н1: Македонските граници останаа отворени – вчера српски граѓани од Ниш дојдоа на шопинг во Сити мол

 

Заев за Н1: Парламентарното мнозинство е стабилно, а опозицијата блокира важни економски закони

Заев за Н1: Парламентарното мнозинство е стабилно, а опозицијата блокира важни економски закони

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот