Заев за изјавата дека ќе соберел „и шуто и рогато“: По два саати во кафана, се случуваат грешки

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес-конференција на новинарско прашање за последната објавена аудио снимка во која вели дека ќе соберел „и шарени и шуто и рогато“, а потоа користи и вулгарен речник, рече дека тоа е последица на негово долго седење во кафеана.

– После два саати и 17 минути во кафеана на слободен разговор, се случуваат грешки. Времето покажа дека никогаш не сум имал непријатности, туку напротив имаме одлична соработка. Изработивме заедно многу за нашата земја, рече денеска Заев на конференцијата пред Собранието.

Тој потсети дека за овие коментари веќе се извинил на Фејсбук и дека членовите на „Шарената револуција“ тоа го прочитале.

Нови две „бомби“ во кои Заев зборува за Шарената револуција и владиката Наум

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот