Заев за ФАЦ: ЕУ ни рече: Вие исполнете, ние ќе исполниме

Фото: МИА

На денот кога македонскиот премиер Зоран Заев се среќава со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин во обид да издејствува добивање датум за почеток на преговори со ЕУ, во влијателниот Франкфуртер алгемајне цајтунг осамна негово интервју во кое предупредува од последиците за земјата доколку не се случи ветениот пробив, пренесува Дојче веле.

Во разговорот, Заев потенцира дека добил ветувања и од функционерите на ЕУ и од германската канцеларка Меркел дека доколку се реши спорот за името со Грција, земјата ќе може да напредува на патот кон ЕУ.

„ЕУ останува голем поттик за нас. Сакаме да се подобриме, како држава и како општество. Но исто така е точно дека ЕУ, канцеларката Меркел и многу други шефови на европски влади ни дадоа ветување во однос на решавањето на спорот со Грција и спроведувањето на внатрешните реформи. Ни беше речено: ‘Исполнете вие, ќе исполниме ние’. Уште од 2005, значи веќе 15 години сме кандидат за членство во ЕУ. Нерешениот спор со Грција сиве овие години беше голема пречка. Во февруари 2018 бев во Берлин, и пораката од Ангела Меркел беше големо охрабрување за сите нас: Доколку го решите спорот за името и ги започнете важните реформи, и Европа ќе се држи до својот збор. Канцеларката Меркел не посети и на нашиот Ден на независноста и ја повтори оваа порака“, вели Заев за ФАЦ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот