Заев за австриски „Стандард”: Оптимист сум заради тоа што ние се обидуваме да ја разбереме бугарската позиција, а тие нашата

Знаме на РСМ и Република Бугарија / Фото: Архива на Слободен печат

Премиерот Зоран Заев во интервју за австрискиот весник „Стандард” на прашањето за бугарското вето на пристапните преговори за Северна Македонија во ЕУ и можниот излез од оваа ситуација, изјави дека разговорите со нашиот сосед продолжуваат и оти, според него, направени се чекори поблиску до решение.

– Мислам дека е можно да се постигне придвижување пред Божиќ, односно на Советот на ЕУ на 22 декември, бидејќи Бугарија до тогаш ќе избере нов парламент на 14 ноември, а вториот круг од претседателските избори таму ќе се одржи една недела подоцна. Така, тие имаат повеќе од еден месец да донесат одлука. Министрите за надворешни работи напорно работат на тоа. Ние се обидуваме да ја разбереме позицијата на Бугарија и тие се обидуваат да ја разберат нашата позиција, истакнува претседателот на Владата Заев во интервју за виенски „Стандард”, се посочува во соопштението од владината прес-служба.

Премиерот Заев подвлече дека овој процес е билатерална работа, дека во него ЕУ е наш заеднички пријател и дека имаме целосна доверба во европските институции.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот