Заев: Возможни се високи стапки на раст ако ги слушаме искуствата на пријателските земји - Слободен печат

Заев: Возможни се високи стапки на раст ако ги слушаме искуствата на пријателските земји

Според Заев, една од прините зошто земјата е насочена кон реализирање на евроинтеграциските цели и НАТО, е економскиот стандард, зголемувањето на БДП, отворањето нови работни места и раст на платите.

Имаме желба и не е невозможно да постигнеме економски раст од осум, па и десет отсто. Минатата, 2019 година ќе ја заокружиме со раст од 3,6 отсто и тоа е добро, но не е доволно, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред денешната средба со претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески.

Земјите од Вишеградката група кога стануваа членки на НАТО и кога ги отвораа поглавјата за членство во ЕУ имаа раст од пет, шест, седум, па и осум отсто, а некои достигнуваа раст и до 10 или 12 процента. Тоа, нагласи, треба да ни биде доволна мотивација да работиме многу за  бројките да бидат многу поголеми од сегашните.

Според Заев, една од прините зошто земјата е насочена кон реализирање на евроинтеграциските цели и НАТО, е економскиот стандард, зголемувањето на БДП, отворањето нови работни места и раст на платите.

– Први јуни 2017 година кога станав премиер, имавме негативен раст од -1,8 отсто, а третото тримесечие од 2019 беше заокружено со 3,6 проценти раст што значи и во првото и во второто и во третото имаме просек од 3,6 проценти раст. За четвртото ќе го чекаме податокот во почетокот на март, но генерално, 2019 година ќе биде со 3,6 отсто раст. И тоа е добро, но не е доволно, напомена Заев.

Ако политичарите знаат доволно да ги слушаат стопанственциите, практичарите, синдикатите и ако бидат доволно мудри да ги искористат искуствата на пријателските земји, возможно е, подвлече Заев, да се достигнат високи бројки на раст.

Прочитајте и...  Ќе биде ли Избирачкиот список дежурен виновник и за изборите на 12 април?

Прочитај повеќе

Спротиставени мислења за носењето на Законот за ЈО

Слободен печат

Оваа зима има најголем број на мигранти во Србија од 2016 година

Слободен печат

Јужнокорејскиот претседател побара зајакнување на економијата поради епидемијата на коронавирусот

Слободен печат

НАТО се подготвува да го подигне знамето на Северна Македонија

МИА агенција

Старите лица ќе добиваат нега дома на државен трошок

Весна Дамчевска

Времето денеска сончево и топло, од утре заладување и дожд

Слободен печат

Остави Коментар

2 × 3 =

Прочитај повеќе

Само посебни граѓани ќе добијат обичен пасош!

Мирослава Бурнс

Епидемијата на коронавирусот може да предизвика недостиг на антибиотици

Слободен печат

ШТРАЈК ВО ГРЦИЈА: Атина утрово остана без јавен превоз

Слободен печат

Се стеснува просторот за уште едно „не“ од Брисел

Слободанка Јовановска

Бројот на починати од коронавирус во Хубеи се искачи на 1.789 луѓе

Слободен печат

Курсна листа: Колкава е вредноста на еврото денес?

Слободен печат