Заев: Возам мотор за да си ги наполнам батериите, викендов направивме убава турнеја

Недела е ден за одмор, а јас имам само едно хоби, тоа е возењето мотор, така јас ги полнам батериите, рече премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција, како одговор на прашањето дали чувствува одговорност за тоа што во време кога многу луѓе се борат за болнички кревет, тој и министерот за здравство Венко Филипче возат мотори.

– Јас имам само едно хоби, а тоа е возењето мотор. Така го минувам денот недела кој е ден за одмор. На тој начин ги полнам батериите. Секој човек заслужува да се одмори. Целосно ги почитувам сите мерки, а иако имам дозвола за движење за време на полициски час, јас тоа право не го користам. Викендов направивме една убава турнеја со моторите. И не се кријам, истакна Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот