Заев: Во заедништвото и дарувањето безусловна љубов е нашата заедничка сила

Зоран Заев / Фото: Влада на РСМ

Денешниот ден, кога го славиме Христовото раѓање и победата на доброто над злото е симбол на заедништвото и значењето на одржувањето на семејната хармонија и безусловна љубов. Овие празнични денови нека ви бидат исполнети со добро здравје и духовен мир, водени од надежта дека Бог е со нас и славејќи ја радосната вест за неговото раѓање, напиша премиерот Зоран Заев во честитка по повод празникот Рождество Христово – Божик.

Во честитката до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, претставниците на Синодот, свештениците, монасите и до сите граѓани, Заев вели дека светлината на раѓањето на Господ Исус Христос ја пренесува до нашите срца пораката за почитување на ближниот, за солидарност, правење добри дела и помагање на секој човек.

– Токму во заедништвото и дарувањето безусловна љубов е нашата заедничка сила, нашата надеж дека создаваме благосостојба, сигурност и единство за секого подеднакво.

Со пораката „Христос се роди!”, да продолжиме да ги негуваме заедничките вредности, да си посакаме мир, спокој и радост во срцата, да празнуваме заедно со најблиските. Честит Божик!, напиша премиерот во честитката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот