Заев: Во тек е постапка за дивоградбите во Охрид и Матка

Фото: МИА

Со решение на инспектор, стопирани се двете градби во Охрид, едната сред брегот на езерото и другата во центарот на градот, зад кои стои советник од Општината.

Како што рече денеска премиерот Зоран Заев одговорајќи на новинарски прашања, се постапува и по однос на дивоградбите на Матка.

– Решението е издадено, следува процес на извршување. Законот мора да важи еднакво за сите. Ако не постапи Општината, ќе постапи државата. Тоа не е само поради УНЕСКО, туку и поради законите во земјава кои треба да се почитуваат, истакна Заев, по отворањето на новиот погон за месни преработки во Глумово, Општина Сарај.

Според него, се уште можеби се гради зашто институциите треба да постапат по решението, но ако некој не го почитува решението, ќе следува кривична одговорност.

– Како што и тогаш се изјаснив за платформите, за една има судски спор. Деновиве, Министерство за транспорт не извести да бидеме претпазливи, да не постапуваме набрзина зашто има двостепеност. Се разбира, согласно законите, ќе се реши и ова прашање, рече градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот