Заев: Во шестата изборна единица победници ќе бидат СДСМ и Беса

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги отфрли обвинувањата на ДУИ дека Беса во коалиција со СДСМ ќе ги дефакторизира гласовите на Албанците.

Граѓаните одлучуваат на изборите како ќе се движи земјата, кој како ќе ги прави комбинациите за состав на влада.

-Да не се лаже ДУИ, во шестата изборна единица, јас тврдам дека ние ќе бидеме победници. Овој податок ќе испрати уште една убава порака дека единството ја прави силата. Ако сме здружени не очекува исполнување на личните и државните интереси и тоа што сакаме да го направиме од нашата земја и општество може да го направиме многу побрзо и подобро- рече Заев.

Оставаме простор за соработка со сите, вели Заев, граѓаните очекуваат партиите да се менуваат.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев ги отфрли обвинувањата на ДУИ дека Беса во коалиција со СДСМ ќе ги дефакторизира гласовите на Албанците.

Според Заев тоа нема да се случи бидејќи коалицијата е нов исчекор кој може да го зајакне, по структура, гласот на секој граѓанин.

-Тоа значи дека нема да се дефакторизира ниту гласот на Македонецот. Коалцијата предводена од СДСМ ги почитува сите различности во државата. Ваквите коментари на ДУИ заслужуваат внимание, но отвора и широка лепеза како се развива нашата земја. Овој нов квалитет со ваквите политика кога Албанците гласаа за СДСМ ние имавме кандидат Албанец за кого гласаа Македонци и обратно кои Македонец за кого гласаа Албанеци. Нашата коалиција е составен од 32 партии, настапивме заедно и го гласавме Стево Пендаровски- рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот