Заев во посета на Берлин, ќе му биде врачена награда за човекови права за 2020 година

Зоран Заев, Премиер на РС Македонија

Премиерот Зоран Заев денеска ќе биде во работна посета на Сојузна Република Германија, по повод доделување награда за човекови права за 2020 година од страна на Фондацијата „Фридрих Еберт” (ФЕС).

-Церемонијата во Берлин која ќе започне во 15:45 часот, а ќе ја отвори министерот за надворешни работи на СР Германија – Михаел Рот, ќе може да се следи во живо преку каналите на социјални медиуми на премиерот Заев, информира владината прес-служба.

Покрај ова премиерот Заев, придружуван од министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе има и работни средби со министерот Рот, со ко-претседателот на Социјал-демократската партија на Германија Норберт Валтер – Борјанс и со пратенците Нилс Шмид од СПД и Јурген Харт од ЦДУ/ЦСУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот