Заев во официјална посета на Словенија

Прeмиерот Зоран Заев на 27 и 28 мај ќе престојува во официјална посета на Република Словенија и ќе предводи владина делегација во состав заменик претседател на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерка без ресор задолжена за странски инвестиции, Зорица Апостолска, стои во соопштението на Владата.

Во рамки на дводневната посета на Словенија, заедно со владината делегација ќе престојува и поголема делегација стопанственици, членови на стопанските комори на Република Северна Македонија, кои заедно со своите колеги од Словенија ќе се сретнат и ќе разговараат за соработка во рамките на Бизнис Форумот што го организираат двете земји. Предвидено е Бизнис форумот да биде отворен со обраќања на двајцата премиери, Шарец и Заев.

Прочитајте и...  Оценка на хрватски пулмолог: „Затворање“ е единствен начин за излез од епидемијата

Премиерот Заев ќе има билатерална средба со својот колега, Претседателот на Владата на Словенија, Марјан Шарец, а ќе биде примен и од Претседателот на Словенија, Борут Пахор и од Претседателот на Државниот збор на Словенија, Дејан Жидан. Предвидена е и заедничка прес конференција на двајцата премиери Заев и Шарец.

Во пресрет на официјалната посета премиерот Заев ќе има свое воведно обраќање на јавна дебата и предавање организирано од меѓународниот институт ИФИМЕС на тема „Република Северна Македонија приказна за успехот“.

Вицепремиерот Анѓушев ќе оствари неколку одделни средби со словенечки компании на кои ќе се разговара за инвестициската клима и поддршката што земјата ја пружа за нови инвестиции.

Поврзани вести

Парли: Франција во 2021 година очекува одлука од Хрватска за воените авиони

И.И.

Работата од далечина не им предизвика проблеми на германските фирми

И.И.

САД формираат алијанса за борба против кинеската „економска принуда”

И.И.

Нови 387 случаи на коронавирус, 35 лица починаа, 528 пациенти се излекувани

Во Етиопија уапсени речиси 800 лица поради планирање напади

И.И.

Нови 547 случаи на коронавирус во БиХ, 66 лица починаа

Слободен печат

Остави Коментар