Заев во Нови Сад ќе учествува на Четвриот регионален форум за млади лидери

Фото: Принтскрин

Премиерот Зоран Заев денеска ќе се обрати на последната сесија на Четвртиот регионален форум за млади лидери, на сесијата насловена „Западен Балкан во 2030 година – визии, желби, реалности”, што се одржува во Нови Сад. На сесијата ќе говори и српската премиерка Ана Брнабиќ, јави дописникот на МИА.

За време на посетата на Нови Сад, Заев ќе оствари и билатерална средба со Брнабиќ.

Освен Заев и Брнабиќ, како што јави дописникот на МИА, на Форумот ќе говорат и заменик генералниот секретар на Советот за регионална соработка Тања Мишчевиќ, генералниот секретар на Регионалната канцеларија за младинска соработка Ѓуро Блануша и професорот за меѓународни односи на Факултет за политички науки во Загреб д-р Дејан Јовиќ.

Обраќање на форумот вчера имаше и претседателот Стево Пендаровски на претседателскиот панел „Обраќање на младите пред претставниците на влаcта: презентирање на политичкиот дијалог пред милениумците”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот