Заев во Брисел ќе се сретне со Хан

Драган Митроски

Премиерот Зоран Заев денеска и утре е во работна посета во Брисел, информираат од Владата. Тој, заедно со вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, попладне ќе се сретнат со еврокомесарот за проширување во Европската Комисија, Јоханес Хан. По средбата Заев и Хан ќе дадат изјава за медиумите.

– Делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Заев потоа ќе има средба со претседателот на Европскиот парламент Давид Мариа Сасоли и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Во текот на утрешниот ден, претседателот на Владата на Република Северна Македонија ќе оствари средба со потпретседателот на Европската Комисија Франс Тимерманс – соопштија од Владата.

Вчера премиерот Заев најави дека ќе лобира датум за преговори во Брисел.  Хан, пак, им се извини на македонските граѓани, бидејќи министрите за надворешни работи на ЕУ не донесоа одлука за датум за почеток на преговори со Унијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот