Заев: ВМРО-ДПМНЕ со „независната“ кандидатка за Скопје си најде алиби за поразот

Зоран Заев, претседател на СДСМ/Фото: Фејсбук

Јасно е зошто ВМРО-ДПМНЕ нема свој кандидат. Мицкоски најде некој да му глуми независен и да му го однесе поразот, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев на промоцијата н кандидатите за советници за Град Скопје.

Тој додаде дека можеби одлуката не е на Мицкоски туку на, како што вели, менторот од Будимпешта, но и тој знаел дека Шилегов е убедлив победник.

-Па затоа Мицкоски најде некој да му глуми независен и да му го понесе поразот на изборите. Можеби одлуката да се поддржи наводен независен кандидат не е на Мицкоски, туку на неговиот ментор од Будимпешта. Второ, сигурно и менторот знае дека Петре Шилегов е апсолутен фаворит на изборите, па си бараат алиби за неминовниот пораз, во стилот ,,па таа не беше наш кандидат, ние само ја поддржавме”. Трето, таа кандидатка, иако има блиски релации со Груевски, сепак не се сложува да биде директна кандидатка на таква нереформирана и прочитана партија како што е ВМРО-ДПМНЕ, ама поддршката од таа партија е сепак помало зло за неа.

И четврто и последно, ВМРО-ДПМНЕ ниту имале, ниту некогаш ќе имаат кандидат како што го има СДСМ и коалицијата во името на Петре Шилегов, тие тоа добро го знаат и затоа одат на варијантата ,,кандидатката е наша, ама и не е баш наша“, истакна Заев.

Тој вели дека освен црнила и блокади ВМРО-ДПМНЕ за ништо друго не знае и ќе проба државните теми да ги наметне на локалните избори.

-Ќе фрлат дрва и камења за членството во НАТО, Преспанскиот договор, Договорот со Бугарија, но ќе им повторам дека компромисот не е предавство, туку грижа за своите граѓани и храбар чин од кој бегале сите досегашни челници само за да си ја зачуваат фотелјата, е па не сме сите исти. Во современите текови, нема место за старомодни политичари, заклучи Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот