Заев: ВМРО-ДПМНЕ почна да објавува факти кои ја потврдуваат неуспешноста на Мицкоски

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил праша јавно кој во опозицијата работи против лидерот Христијан Мицкоски и според него, ВМРО-ДПМНЕ почна да објавува факти кои ја потврдуваат неуспешноста на Мицкоски.

„Кој е збунет? Кој во ВМРО-ДПМНЕ работи против Мицкоски? Кој ја објави вистината за неспособноста на Мицкоски и за драматичниот пад на производството на струја во нивно време?- пишува Заев.

-Конфузијата оди до таму што нивниот центар за комуникации објавува соопштенија во кои со бројки и факти потврдува дека во нивно време, времето кога Мицкоски бил директор на ЕСМ (ЕЛЕМ), драматично паѓало производството на електрична енергија. Спротивно на тоа, во периодот од 2017 и 2018 година имаме стабилизација и раст на производството на струја.

Погледнете ги бројките објавени од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, a се однесуваат на производството на ЕСМ:

– во 2013-та година 5 113 GWh
– во 2014-та година 4 741 GWh
– во 2015-та година 4 471 GWh
– во 2016-та година 4 382 GWh
– во 2017-та година 4 228 GWh
– во 2018-та година 4 273 GWh

ВМРО-ДПМНЕ почна да објавува факти кои ја потврдуваат неуспешноста на Мицкоски. Тој беше најнеуспешниот директор на ЕСМ, а денес е најнеуспешниот лидер на опозицијата- пишува Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот