Заев: Владата им излезе во пресрет на општините кои долги години тонеа во долгови

Владата им излезе во пресрет на општините кои долги години тонеа во долгови, преку обезбедување 50 милиони евра неповратни средства, што им овозможи да се посветат на планови за развој на локалната самоуправа, изјави вечерва во Скопје премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев на граѓанска трибина организирана од партијата под мотото „Најдоброто за нашата општина“.

– Долги години општините тонеа во долгови, новите градоначалници ја трошеа енергијата за да најдат начин да ги враќаат долговите. Решивме да им излеземе в пресрет и како Влада обезбедивме 50 милиони евра, средства за општините. Секоја општина доби неповратни средства за да покрие 51% од пријавените долгови. Тоа многу ја олесни работата на градоначалниците и тие се посветија на проекти и планови за развој на локалните самоуправи, изјави Заев.

Тој истакна дека СДСМ ја има честа и одговорноста четири години да ја предводи централната власт, но и локалните администрации во 56 општини и градот Скопје.

– Поддршката на Владата кон единиците на локалната самоуправа, вклучувајќи го секако тука и Градот Скопје е континуирана и ефикасна, насочена кон развој, екологија, почиста живота средина, почист воздух, истакна Заев.

Тој посочи дека оваа година се имплементира проектот за изградба и санација на локални патишта и улици во општините со вкупна должина од 450 километри. Дополнително, нагласи, со 70 милиони евра, средства од Светска Банка, секоја на располагање има до 2 милиони евра, а 35 милиони евра се обезбедени за финансирање локални проекти преку пренамена на средства од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром.

– Со оваа наша одлука се финансираат 99 проекти во 75 општини, проекти за изградба и реконструкција на локална патна инфраструктура, за водоснабдителна мрежа, за канализациони мрежи, за реконструкција, изградба на градинки и училишта и спортски објекти, за реконструкција и изградба на здравствени установи, и за други проекти што ги предложија општинит, рече Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот