Заев: Владата ќе го укине или намали прагот од 2 отсто за кандидирање на локалните избори

фото Фејсбук

Владата ќе го укине или намали прагот од 2 отсто потписи за кандидирање на локалните избори, најави премиерот Зоран Заев. Прагот ќе изнесува или еден отсто или воопшто ќе го нема. 

Премиерот Заев рече дека вчера имал средби со пратениците од парламентарните политички партии. Тој ги оцени како прифатливи укажуавњата на експертите и потврди дека ако одлучат пратениците прагот да се намали или да се укине, Владата ќе прифати.

Секако дека не се плашам од независни листи. Вчера поминав цел ден во Парламентот и ги слушнав пратениците, буквално од сите пратенички групи. Укажувањата од стручната јавност се прифатливи и верувам дека веќе е најдено решение. Изборниот законик ќе биде согласно укажувањата кои стигнаа од експертската јавност но и од помалкубројните и незвисните кои оценија дека не е коректно поголемите партии да го определуваат процентот или прагот на собрани потписи за поднесување на независни листи. Видов дека има амбиент и ќе биде намален од 2 на 1 отсто или можеби и укинат. Како одлучат пратениците јас тоа ќе го поддржам – изјави Заев.

Во однос на можностите за коалицирање на претстојните локални избори, Заев рече дека коалицијата ги изградила коалициските аспекти, и меѓусебната поддршка е јасно видлива.

– Секаде каде што ќе немаме кандидати се поддржуваме еден со друг, секаде каде што ќе имаме одиме граѓаните да ни дадат насоки како е најдобро за нив, а веднаш во вториот круг да си ја дадеме поддршката. Тоа е за мене огромна демократска вредност  и доблест. Сум благодарен на лидерите на ДПА, БЕСА, ДУИ досега, но сум благодарен и на лидерите на помалите коалициски партнери кои што се со нас – вели Заев.

Предлог-измените на Изборниот законик, којшто е во собраниска процедура, предвидува дека независните листи мора да соберат потписи од два отсто од избирачите во една општина за да се кандидираат на локалните избори. Експертите, помалите партии и невалидниот сектор деновиве побараа да се укинат предлог-измените, а претседателот Стево Пендаровски вчера соопшти дека доколку Изборниот законик мине во Собранието нема да го потпише бидејќи е спротивно на препораките на ОБСЕ и е нелогично  да се потребни повеќе потписи за поднесување на советничка листа на локални избори, отколку за кандидатура за претседател на држава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот