Заев: Ветингот е стопиран на барање на ЕУ

Спроведувањето на ветингот е планирано уште од доаѓањето на власт, но не е започнато заради препораките од Европската Унија, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за А2 Си-Ен-Ен Албанија.

– Јас го ветив ова на изборите, не ветинг, туку она што го сметам за признавање на правото на реизбор на судии и обвинители. Беше дел од програмата. Но, кога ја презедов функцијата, ЕУ не ми даде можност да го започнам процесот. Зошто? Затоа што можеби требаше да следат како тој одеше во Албанија, како ќе заврши таму. Тие ни кажаа дека немаме луѓе, нема како да ги пополниме работните места – изјави Заев.

Тој нагласи дека потребата од ветинг е наметната од однесувањето на некои судии и обвинители.

– Мора да има лична одговорност, а не колективна. Во ред, направивме серија реформи. Но, однесувањето на судиите и обвинителите не се промени како што треба. Затоа, сега зборуваме за ветинг во правда, на политичарите, раководителите на институциите. Зошто? Затоа што тоа е добар процес на освежување и трансформирање на сите носители на одлуки – рече премиерот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот