Заев: Ветингот е наша обврска, мора да поминеме низ тој процес

Премиерот Зоран Заев на денешната промоција на веб платформата „Отворени финансии“, при одговарањето на прашањата за новинарите, изјави дека нема да ја коментира најавата на Рускоска за финансиска истрага на судиите кои ја префрлија Јанева во домашен притвор.

Заев потоа зборуваше за ветингот како „неопходен процес кој мора да се случи“.

– Нашиот народ одлучува за протресување, и на судии, на политичари, агенции, министерства и слично. Учејќи од Албанија можеме да кажеме дека сме подготвени. Ветингот е наша обврска како општество. Не мислам дека треба да го спроведуваат политичарите. Не треба да се гледа на тоа како на мистерија, мора да се помине низ тој процес. Мора да се протресеме сите, да се знае дека ако сме влезени да и служиме на државата, треба транспарентно да ги дадеме сите наши податоци и за нашето семејство.

Заев додаде и дека во врска со овој процес има позитивни сигнали и од опизицијата, и се надева дека наскоро ќе се реализира.

– Мило ми е што гледам и сигнали од позицијата, па мислам дека е процес кој ќе се случи во иднина – заврши Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот