Заев верува во успешноста на тендерот: Девет енергетски компании поминаа во постапката за Чебрен

Девет најголеми енергетски компании поминаа во постапката за ХЕ Чебрен, меѓу кои француската, шпанската, грчката, италијанските, австриските, две големи турски и една голема кинеска компанија, информира денеска премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање.
– Тоа се буквално џиновски компании од светско ниво. Веруваме дека после 11 неуспешни тендери за Чебрен овојпат дека ќе успее тендерот, заради тоа што условите што овојпат државата ги дава се неповторливи, односно се профитабилни, за да може да има доволно мотивација од потенцијалните инвеститори да овој проект вреден до 800 милниони евра е обновлив извор на енергија, односно еден сериозен потенцијал, рече Заев.
Додаде дека најверојатно во април ќе се распише постапката за јавно-приватно партнерство или концесија во ТЕЦ Неготино.
– Во моментот се прави физибилити студијата за оваа постапка заради тоа што и таму може да се постават некои 200/220 мегавати гасна централа заради одличната локација што ја има, рече Заев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот