Заев: Уверен сум дека граѓаните во вториот круг уште посилно ќе го поддржат напредокот

Од 98,27 отсто проверени гласачки ливчиња, 321.201 гласале за Пендаровски, а 316.000 гласале за Силјановска Давкова, рече Заев на вечерашната прес конференција.

– Имаме победа на Пендаровски. Ви честитам на сите за фер и демократските избори со кои потврдивме темелна демократска вредност, ќе заокружиме европска вредност во вториот круг, ќе избереме европски претседател на нашата држава.

Честитам пријателе, другар, соборец наш. Јасно е, Пендаровски води во фер и политички натпревар во кој се покажа дека секој глас е важен, се одлучува дали ќе продолжиме напред или ќе одиме назад. Имаме два спротивни концепти, прогресивен на Пендаровски и деструктивен на Силјановска кој го дели народот. Во вториот круг уверен сум дека граѓаните уште посилно ќе го поддржат напредокот кој води во ЕУ и НАТО. Очекувам поддршка од уште повеќе граѓани. Мнозинството ја препозна разликата уште во првиот изборен круг, очекувам во вториот круг и оние кои гласаа за Блерим Река да постапат одговорно и да се определат за патот кој води напред, бидејќи патот назад е на штета на сите нив.

Северна Македонија е на правиот пат. Едно општество за сите, економски развој членство во ЕУ и НАТО. Ви благодарам на сите кои излеговте и изразивте став. Бидете горди за тоа. Ве повикувам сите да излезете повторно и да потврдиме дека нашата земја чекори напред и сите кои се двоумеа дали да излезат, сечиј глас е важен вие сте важни, од вашиот глас зависи дали земјата ќе продолжи напред. Да се обединиме во вториот круг – порача Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот