Заев утре ќе провери и ќе соопшти дали Рашковски е надвор од земјава

Фото: Архива на „Слободен печат“

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев не знае дали поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски е надвор од земјава. Утре ќе провери и ќе и соопшти на јавноста, рече попладнево на прес-конференција.

Како што истакна Заев одговорајќи на новинарски прашања, секој има право на одмор, но и да одлучува сам.

– Верувајте, јас за сите вработени или ангажирани во Владата ниту се обидувам да имам контрола, ниту знам. Тие си имаат право на свој одмор, право на одлучување. Предмалку стигнав од Луксембург. Не знам. Денеска имав состанок само со министерот за земјоделство, преземаме одредени активности за тутунот, се слушнав и со министерот Филипче со кој подоцна ќе имам состанок за новите состојби во здравството и секако, со дел од мојот Кабинет заради тековни активности. но, јас ќе проверам уште утре и ќе ја соопштам информацијата, истакна Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот