Заев утре ќе ја предложи Ангеловска за нов министер за финансии

Премиерот Зоран Заев по завршувањето на денешниот Централниот одбор на СДСМ изјави дека утре до Собранието ќе достави предлог Нина Ангеловска да биде новиот министер за финансии.

Премиерот, исто така ќе ги предложи Елизабета Наумовска за нов заменик министер за образование, Кирил Колемишоски за нов заменик министер за економија и Неџат Мехмедовиќ за заменик министер во министерството за политики систем.

Заев изјави дека со овие предлози се покажува дека младите треба да се борат и образуваат затоа што високите позиции се достапни за сите.

На Централниот одбор избрани се пет партиски потпретседатели: Мила Царовска, Коста Петров, Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и Мухамед Зеќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот